Започна владеењето на Водолиите – енергични и мирни личности кои ја сакаат слободата

Наскоро завршува владеењето на Јарецот и започнува владеењето на Водолијата. Ова е знак на интелектуалците, мислителите, научниците и активистите.

Водолиите од една страна се мирни и срамежливи, а од друга многу екцентрични. Тие сакаат долги разговори, бидејќи се карактеризираат со силен интелект и логика. Тие се личности без предрасуди, кои одлично ги решаваат проблемите, а често многу лесно се прилагодуваат на другите луѓе.

Тие се воздушен знак кој ако нема умствена стимулација, се чувствува уморено. Ним, мотивацијата им е најважна за да постигнат најдобар резултат. Имаат моќ за брза трансформација.

Во љубовта, ништо не може да ги заинтересира повеќе од добар разговор. Кога е во прашање љубовта, највеќе ја ценат искреноста. Многу се комуникативни, но за зближување со некоја личност често им треба многу време. За нив, блискоста претставува ранливост и затоа се многу внимателни.

Во пријателствата, најчесто бараат креативност, интелект и доверба.