Започна уредување на зеленило на булевар „Партизански одреди“

Деновиве започнаа активности за подигање на нова зелена површина на булевар „Партизански одреди“ во близина на Градежен факултет.

На површина од 2.149м² ќе се оплемени зелен простор, со инсталирање на целосно нов систем за полевање.

Подигнувањето и уредувањето на јавните зелени површини се дел од приоритетите на нашето претпријатие. Унапредување и зачувување на животната средина е целта кон која се стремиме во координација со Град Скопје и во таа насока работиме на реализација на идејните проекти.