Започна реконструкција на детските реквизити во Градски парк

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во договор со  Град Скопје започнаа со реконструкција на  детските реквизити поставени во Градскиот парк спроти оградата на Зоолошката градина.

Дрвените реквизити, лизгалки и лулашки, кои беа оштетени и демолирани, ќе се поправаат со замена на искршените делови со нови, ќе се бојадисаат и ќе се монтираат нови метални држачи.