Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

Денеска започнува пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон. Во првите два дена, пријавените ќе може да ги изберат своите омилени стартни броеви од посебно понудените рангови на броеви. Виз Ер Скопскиот маратон 2020 ќе се одржи во недела, 10. мај 2020 година.

Сите заинтересирани може да се пријават во првиот круг, кој трае до 15. октомври 2019 година.

Виз Ер Скопски маратон стана партнер со Abbott World Marathon Majors Ова е серијал од шестте најголеми маратони познат како Големата шестка, во која се вбројуваат Бостонски, Лондонски, Токиски, Берлински, Чикашки и Њујоршки маратон. Воедно, маратонската трка на Виз Ер Скопски Маратон 2020 ќе биде квалификациска трка за светското првенство во старосни категории во 2021 кое најверојатно ќе се одржи во Чикаго. Сите учесници во маратонската трка ќе добијат бодови во зависност од пласманот и резултатот и ќе влезат во ранкингот на ова натпреварување.

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.