Започна пријавувањето за бесплатната Еуролинк школа по уметничко лизгање

Пријавете го вашето дете на бесплатната Еуролинк школа по уметничко лизгање, проект кој има за цел да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.

35 Учесници на возраст од 6 до 14 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа организирана од компанијата „Еуролинк осигурување“. Активностите ќе се реализираат во периодот од 1 март до 21 март на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање г-ѓа Ксенија Јашташењски Симиќ.

Пријавете го вашето дете за учество во школата со испраќање меил на електронската адреса: ajdedalizgame@eurolink.com.mk. Меилот треба да содржи: Име и презиме на детето - учесник, возраст, број на лизгалки, висина, тежина, контакт-телефон.

Пријавувањето трае од денес (13.2.2017) до 17.2.2017 (Петок).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен тим. Учесниците ќе бидат објавени на ,,Facebook” фан - страницата на Еуролинк на 20.2.2017(Понеделник). „Еуролинк осигурување“ на избраните учесници ќе им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.

Бесплатната школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на образованието, културата и на уметноста.