Од 18 септември до 10 декември ЛУКОИЛ Македонија започна голема наградна игра каде своите верни потрошувачи ќе имаат можност да освојат ваучери за патувања.

Извлекувањата на среќните добитници ќе се врши по случаен избор на секои 2 недели, а избраните можат да добијат вредносен ваучер за патување од по 6.000 денари, додека најсреќниот добитник на главната награда, ќе има можност да добие ваучер за 7 дневно патување за двајца во Москва.

Правилата за учество се едноставни и се квалификуваат сите корисници кои ќе направат сметка од минимум 1000 денари на бензинските на ЛУКОИЛ Македонија и ќе испратат смс порака со бројот на фискалната сметка на телефонскиот број 142 241 во периодот од 18.09.2017 до 10.12.2017. Цената на пораката изнесува 5,9 ден./СМС со вклучен ДДВ . Испраќачот на СМС-порака е должен да ја чува оригиналната фискалната сметка како доказ за купувањето. Во случај испраќачот да биде извлечен како добитник на одредена награда, должен е кога ќе ја подига наградата да ја приложи оригиналната фискална сметка.

„ЛУКОИЛ сака кога ги изненадува своите ценети потрошувачи и секогаш се стремиме да градиме пријателски односи со нив. Нашите бензински станици не се перцепираат само како место каде ќе го наполните резеварот со гориво туку нудиме топла атмосфера каде секој посетител се чувствува добредојден, па зошто и да не ги наградуваме и изненадуваме истите. Овој пат подготвивме 30 ваучери од по 6000 денари за патувања по сопствен избор и главна награда која најсреќниот добитник ќе го однесе со уште едно лице во Москва. Сакаме да создадеме спомени вредни за паметење и искуства кои ќе го збогатат нивниот живот“, велат од ЛУКОИЛ Македонија по повод наградната игра.

Едно лице може да учествува во наградната игра со неограничен број на СМС-пораки, но со користење на различни броеви на фискални сметки (од различни купувања) и може да биде добитник само на една награда во едно извлекување. Во следното извлекување физичкото лице може повторно да учествува за награди, но со друга фискална сметка која не е регистрирана во неделата предходно. Секоја поеднична фискална сметка може да се искористи само еднаш. Додека во извлекувањето на главната награда учествуваат сите смс пораки испратени во претходните извлекувања, освен веќе наградените.