Започна да се санира училиштето „11 Октомври“ што беше уништено од ланската поплава

Општина Центар  почна со санација на сутеренските простории на објектот на ООУ „11 Октомври“ во населба Пролет.

Овој дел од училиштето беше оштетен од поплавата минатата година и од тогаш е надвор од употреба.

Покрај овие две училници, ќе се изврши санација и на кабинетите  по музичко и ликовно, работилницата, архивата, како и на три помошни простории.

Општина Центар и за ова, како и за другите училишта кои се на нејзина територија, нарача од  ЈП„Водовод и канализација “ да направи физичко-хемиска и микробиолошка анализа на  квалитетот на водата и инсталациите. Анализата треба да биде готова до почетокот на учебната година.  Паралелно со ова се врши пренасочување на фекалната канализација за да се надминат проблемите со затнувањето и непријатната миризба.

Целиот зафат за реконструкција и санација е договаран на средбите на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски,  со родителите и со наставниците со цел да се создадат сите услови за квалитетен образовен процес.

Градежни активности се одвиваат паралелно и во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“.