Започна асфалтирањето на улиците „Римска“ и „Атинска“ во Карпош

 Во текот на денешниот ден започна асфалтирањето на улиците „Римска“ и „Атинска“ во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен).

Во должина, ќе се реконструираат 175 метри од улицата „Атинска“ и 230 метри од „Римска“. Изведувач на улиците е ГД „Гранит“ АД Скопје, а средствата се обезбедени од страна на Светска банка.

Денеска теренски увид направи и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев заедно со претставниците од Одделението за комунална инфраструктура.

Локалната самоуправа продолжува со тековното подобрување на инфраструктурата, со цел да се направат безбедни и пристапни улици за сите учесници во сообраќајот.