Златко Калински стана синоним за атлетските преноси во нашата земја децении и децении, првенства и Олимписки игри. Последната негова работна задача беше финалната трка на 100 метри на Светското првенство во Лондон, каде полн со емоции ја пренесе последната „стотка“ на „молњата“ Болт и неговиот (не)очекуван пораз.

Професионално и максимално подготвен и за изненадувачкиот исход, Калински си ја заврши работата, а на крајот го надвладеаја солзите при одјавата и поздравот до гледачите.

Погледнето го и чујте го последниот коментар на Златко Калински: