Заминуваат големите ракометни имиња: Збогум за Раул, Штербик, Абутовиќ, Циндриќ...

Македонскиот првак Вардар со пораз заминува од оваа сезона во Лигата на шампионите. На Ф4-турнирот „црвено-црните“ во полуфиналето загубија од Монпелје, 27-28, а во дуелот за третото место со ПСЖ исто така беа поразени со еден гол разлика, 29-28.

По овој дуел, покрај што завршува сезоната, доаѓа и крајот на шампионскиот Вардар. Од тимот си заминуваат седум клучни имиња, виновници за ланскиот успех и неверојатната сезона во Лигата на шампионите, во која се дојде до европското злато, со победа во финалето над големиот ПСЖ.

Творецот на успехот, Раул Гонзалез, познат како „Ел Команданте“, заминува во ПСЖ. Неговиот асистент Давид Дејвис ќе биде селектор на Египет. Од ракометарите, си оди голманот Арпад Штербик (Веспрем), Илија Абутовиќ (Рајн Некар Левен), шпанското дуо Жоан Кањељас и Хорхе Македа (ПИК Сегед), Лука Циндриќ (Киелце) и Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин).

Вардаровите ракометари вечно ќе бидат запишани со златни букви во историјата на македонскиот ракомет, како творци на најголемиот успех во машката Лигата на шампионите. Наклон до под и со среќа во иднина, вардарци!