Заминете си од приказната која веќе не ве прави среќни

Заминете си од онаа приказна во која веќе не се пронаоѓате. Заминете се од оние места каде веќе не чувствувате љубов.

Напуштете го градот кој наместо да ве направи попозитивна личност, во вас креира фрустрација. Спакувајте ги своите торби и започнете нова приказна на друго место, каде ќе најдете повеќе смисла во вашиот живот.

Оставете ја работата која ја мразите иако светот ви кажува дека не треба да е така. Отидете на друго место каде ќе се чувствувате посреќно и каде порасположено ќе гледате на утрешниот ден и на остатокот од вашиот живот.

Заборавете на личноста која ве третира лошо. Ставете се себеси на прво место и заминете од приказната на која не и припаѓате, од личноста која никогаш нема да ве сака како што очекувате или како што заслужувате да бидете сакани.

Оставете ги позади себе токсичните пријатели. Окружете се себеси до љубов и луѓе кои ве охрабруваат и поттикнуваат да бидете добри, и да се подобрувате. Изберете ја енергијата која ви е потребна во животот. Не се држете само до пријателствата само поради тоа што постојат од вашето детство. Луѓето се менуваат.

Заборавете на вашите мали и поголеми грешки. Бидете добри и љубезни кон себе и кога ќе се погледнете во огледало, сакајте ја личноста која ќе ја видите. Ослободете се од своите очекувања.

Оставањето на сите овие работи позади вас ќе ви отвори простор за нови насоки, за нови почетоци, пронаоѓање на себеси и светот околу вас. Тоа ќе ве спаси повеќе од чувањето до себе на сите оние нешта и луѓе кои никогаш немаат намера да ве направат среќни.

Заминувањето значи ослободување, отворање нови врати за раст, развој, промени и нови можности. Не заборавајте дека секогаш имате избор да сфатите каде припаѓате и што ве прави среќни.