Љубов и секс
17. септември 2016 - 21:27

Заљуби се во некој кој ќе се бори за тебе со сета сила!

Заљуби во некој кој ќе се бори за тебе со сета сила. Некој кој ќе направи се што е во негова моќ само за да биде со тебе, без оглед на препреките на кои ќе налета.

Заљуби се во некој кој ќе биде со тебе кога ти е најлошо. Заљуби се во некој кој те љуби, а не некој кој само само сака да спие со тебе. Заљуби се во некој кој ќе биде со тебе дури и кога целиот свет е против вас.

Заљуби се во некој кој ги игнорира злобните коментари, кој ги игнорира ѕвездите. Кој никогаш нема да дозволи да се грижиш за иднината со него.

Без оглед на далечината, промените или стрес, заљуби се во некој кој не се грижи за тоа. Заљуби се во некој кој го поздравува предизвикот, затоа што знае дека ништо нема да ви застане на патот.

Заљуби се во некој кој ќе трча низ бура само за да дојде до тебе. Некој кому можеш да веруваш кога ќе ти каже „засекогаш.“

Заљуби се во некој кој не верувал во судбина додека не те запознал тебе, заљуби се во некој кој не верувал во сродни души додека не те запознал тебе.

Заљуби се во некој кој е добар кон твојата мајка, а кој не се плаши од твојот татко.

Заљуби се во некој кој ќе ја почитува твојата сестра, брат и пријатели, затоа што знае колку ти значат.

Заљуби се во некој кој никогаш не се откажува. Кој знае дека вие двајца имате нешто неверојатно. Во оној кој никогаш нема да те пушти да си одиш. Заљуби се во личност која со тебе ќе сака да изгради дом. Некој кој сака да создаде семејство со тебе. Некој кој ќе те гледа во очи и ќе каже „Да“.

Немој да си го губиш времето со некој кој се сомнева дека ќе има иднина со тебе. Кој вели дека си премлада. Кој само сака секс. Не губи време со некој кој сака само авантура.

Заљуби се во некој кој го цени тоа што те има во својот живот, кој не ја зема здраво за готово магијата на вашата љубов, кој е благодарен затоа што е со тебе.

Заљуби се во некој кој ќе се скара со тебе, но и по најлошата кавга нема да престане да те сака. Некој кој секој ден кај тебе ќе наоѓа нешто ново во кое ќе се заљуби. Заљуби се во оној кој вас двајца ве гледа како тим.

Заљуби се во некој кој никогаш нема да се откаже од тебе. Некој кој те чува, кој внимава на тебе, некој кој те штити како никој досега. Заљуби се во некој кој се бори со сета сила и би прошол низ пекол само за да биде засекогаш со тебе.