Заљуби се во дечкото кој те предизвикува, дури и ако некогаш те излудува...

Убаво е човек да најде некој со кого има заеднички работи, затоа што согласувањето носи мир со себе.

Но, вистинската љубов предизвикува. Љубовта не е едноставна. Љубовта не е да запознаеш некој само за да си живеете среќно до крајот на животот одејќи по пат постелен со рози.

Љубовта е созревање на начини на кои не сте ни помислиле дека се можни, да проаѓате низ кривини кои ќе ве направат посилни.

Љубовта значи да се предизвикувате меѓусебно, затоа што тоа придонесува и двајцата да бидете  подобри личности.

Заљубете се во дечкото кој прави секој ден да биде интересен. Дечкото кој ве турка надвор од комфорната зона и ви покажува дека сте безбедни со него.

Заљубете се во дечкото кој ве турка напред и поради кој имате желба да се трудите повеќе во животот.

Заљубете се во дечкото кој има различни размислувања и ставови и со кој цело време се препирате во дискусиите. Дечкото кој е другата половина од вашиот аргумент. Дечкото поради кој ја гледате поголемата слика.

Не се заљубувајте во дечкото кој постојано клима со главата на се што ќе кажете. Заљубете се во дечкото кој искрено ви кажува како стојат работите.

Со овој дечко, вие постојано ќе учите. Тој ќе ви ги отвори очите.

Не се работи за компромис, туку за љубов која е толку голема што учите да си ги сакате и различните идеи, мисли и маани. Со овој дечко секој ден ќе бидете насмеани затоа што ќе знаете дека животот ви е подобар поради него. Никогаш нема да ви биде досадно и никогаш нема да се прашувате дали е љубов – едноставно ќе знаете.

Најверојатно нема да биде лесно – но тоа е она што ја прави оваа љубов вистинска. Можеби ќе се карате до три часот наутро и ќе имате дебати без крај, но во тоа е и убавината – страста и интензивноста на вашата љубов.

Тоа е врска која со секој ден ќе се зацврстува.

Тоа е љубов која е како вашата омилена песна – никогаш нема да сакате да престане.