Закажан и трет концерт на Петар Грашо во Скопје

Хрватскиот пејач Петар Грашо очигледно е миленик на македонската публика. Откако за краток период беа распродадени влезниците за двата концерта што ќе се одржат на 13 и 14 декември во Македонската филхармонија, закажан е и трет за 15.12.

- Се одлучивме да додадеме трет и последен концерт на Петар Грашо во Скопје и истиот ќе се одржи на 15-ти декември во Македонската филхармонија, информираат од Авалон.

Цените за билетите за овој концерт ќе бидат 1.500 и 2.000 денари.