Загубивме голем другар, драг пријател, спортска легенда и идол на многу генерации

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на комеморативната седница за Благоја Георгиевски-Буштур, во организација на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Националниот олимписки комитет и Градот Скопје.

- Скопје претрпе голема загуба со згаснувањето на животот на нашиот драг Благоја Георгиевски-Буштур. Буштур беше еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња. Како таков остави јасен и силен белег во историјата на македонскиот спорт. Целата кариера, од првите чекори до последниот натпревар ја помина во својот Работнички. Тој беше миленик на навивачите и со секој натпревар одново ги освојуваше срцата на скопјани - изјави Шилегов.