Загрижена мајка за македонското здравство: Докторот си играше карти, беше лут што го викнав да ја прегледа ќерка ми

До каде ќе оди македонското здравство, прашува една загрижена мајка. Таа е запрепастена од она што и се случило пред неколку дена.

-Мојата ќерка која има 12 години, пред некоја вечер почна да ја боли уво. Бидејќи болките и беа неподносливи, со сопругот ја одведовме во Ургентен центар, кој нели треба да работи 24 часа. Чекавме првин некој половина час. Не дека имаше некој внатре, туку едноставно немеше кој да не прими. Детете имаше страшни болки. Чукнав еднаш на вратата, каде што беше персоналот. Внатре имаше медицински сестри и доктор. Можете да замислите што правеа? Си играа карти. Докторот ни рече дека веднаш ќе дојде. Чекавме уште некои десеттина минути, а јас нервозна пак тропнав на вратата. Докторот стана бесно и нервозно. Отидовме во една друга просторија. Дрско не праша “што ви треба”... Му кажавме дека девојчето има болки во увото. Неговиот одговор беше: “Што да ви правам јас, одете на одделот за уво, нос и грло, јас сум општ доктор”. Немав видено до тогаш таква ароганција од страна на еден лекар, од кој бараш помош. Се упативме на одделот за уво, нос и грло, но таму не можевме да ги разбидиме медицинските лица. Ѕвоневме на ѕвончето. Ни отвори една медицинска сестра, целата поспана, но за среќа таа не беше арогантна. Доволно беше тоа што ја чекавме некое време за да ни отвори врата. Таа замина да го разбуди докторот, а ние чекавме за тоа време...

Чудесна моја Македонија, чудесно македонско здравство. Зарем вака ќе одиме напред.