Загина скопјанец кој со возилото удрил во ѕид

Вчера попладне на локалниот пат Илинден-село Ајватовци патничко моторно возило излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.

На 12.07.2019 околу 14,35 часот на локалниот пат Илинден-с.Ајватовци било пријавено дека патничко моторно возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од В. Д. (60), излетало од патот и удрило во бетонски ѕид. Возачот В.Д починал на местото на настанот.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место.

 

Преземени се 55 мерки против нив, а откриени се и 22 останати прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.