Загатката на Ајнштајн

Ајнштајн ја напишал оваа загатка во XIX век. Рекол дека 98% од луѓето во светот нема да можат да ја решат. Не е тешка, но морате да бидете многу...

...внимателни и стрпливи. Ќе успеете ли вие да бидете во другите 2%?

Има 5 куќи со 5 различни бои. Во секоја од куќите живее човек од различна националност. Секој од петте сопственици пие одреден вид на пијалок, пуши одреден вид на цигари и чува одреден милениче. Ниеден сопственик нема исто милениче, не пуши исти цигари и не го пие истиот пијалок со некој од другите сопственици.

Прашањето е: Чија е рибата?

Понош:

  • Британецот живее во црвената куќа.
  • Швеѓанецот чува кучиња како миленици.
  • Данецот пие чај.
  • Зелената куќа е од лево на белата куќа.
  • Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
  • Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
  • Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил цигари.
  • Човекот што живее во куќата во средина пие млеко.
  • Норвежанецот живее во првата куќа.
  • Човекот што пуши Бленд живее до оној што чува мачки.
  • Човекот што чува коњ живее веднаш до човекот што пуши Данхил.
  • Сопственикот што пуши Блумастер пие пиво.
  • Германецот пуши Принц.
  • Норвежанецот живее до сината куќа.
  • Човекот што пуши Бленд има сосед кој пие вода.

На втората страна може да го најдете одговорот на загатката...

Одговорот на загатката е: Германецот.