Загадениот воздух ја наполни Детската клиника

Клиниката за детски болести е полна со пациенти. Голем број дечиња со компликации на дишните патишта како последица на загадениот воздух завршуваат во оваа установа.

Пневмонија, бронхит и честа кашлица се најчестите компликации што ги дијагностицираат педијатреите.  Над илјада прегледи минатиот месец имало и во болницата за белодробни заболувања во Козле.

Лекарите од оваа здравствена установа предупредуваат дека допрва аерозагадувањето ќе ги полни педијатриските одделениа. Децата и хронично болните се први на удар на опасните ПМ честици.

Секој ден само во приоритетната амбуланта на Пулмологија  имаат по  20-тина пациенти со влошено здравје поради загадениот воздух а неможат да чекаат за редовен преглед за термин.

Дополнителен број на болни има и во останатите амбуланти како и во здравствените установи кои третираат кардиоваскуларни и респираторни заболувања. Лекарите уште еднаш потенцираат дека  најдобра превенција овој период кога загадувањето е алармантно е носењето на заштитни маски.

Одење на планина или покрај езеро, според педијатрите е најдобрата превенција за прочистување на белите дробови од опасните ПМ честички.