Загадениот воздух и прашањата поврзани со комуналната инфраструктура се приоритетни за жителите на општина Карпош

Загадениот воздух и прашањата поврзани со комуналната инфраструктура се приоритетни за жителите на општина Карпош.

Ова произлезе од првата сесија на граѓанскиот форум во општина Карпош што се одржа минатата недела, а на денешната втора сесија беа одредени приоритетните подрачја од посочените седум.

– Четириесетина прашања се поделени во седум подрачја. Евидентно е дека комуналните прашања, околу дваесетина, се најзастапени. Втора по приоритет на прашања се за животната средина, особено загадувањето што укажува на фактот дека граѓаните на општина Карпош навистина ги трпат последиците од загадениот воздух и дека има изразена свест кај претставниците на месните и урбаните задници во општина Карпош, но и на граѓаните дека овие прашања треба да се адресираат до новото раководство на општината – истакна Зоран Стојковски, ангажиран модератор на овие граѓански средби од општина Карпош.

Приоритетните прашања беа утврдувани врз основа на утврдени критериуми, како што е колку е серозно прашањето, дали е животно загрозувачко, колку може финансиски да се реши и инт.

– Со така селектираните приоритети во наредните форуми ќе можеме да развиваме концепти како и што треба да се реши. На крај во форма на документ што ќе произлезе од четирите граѓански форум, ќе биде доставен до општината. Идеално би било дел од она што граѓаните најмногу ги мачи да биде внесено во буџетот на општината и за овие приоритети да се побараат средства од донаторската заедница, бидејќи познато е дека донаторите од Европска унија сакаат да поддржат ваков вид на активности што се произлезени од граѓаните – нагласи Стојковски.

Ова е проект што го реализира ЦОСВ – италијанска огранизација која има огранок во Македонија во партнерство со женската граѓанска иницијатива “Антико” која е одговорна за вакви активности за општина Карпош.