Загадениот воздух го оштетува мозокот и другите органи

Вдишувањетo на загаден воздух не ги оштетува само белите дробови. Новите истражувања покажуваат дека загадувањето од воздухот има негативно влијание и на мозокот, како и дека може да влијае на промена на начинот на размислување.

Студијата утврдила дека долготрајно изложување на честици, сумпор-диоксид и азот-диоксид доведува до когнитивни падови кај учесниците на студијата. Научниците и здравствените работници и натаму работат на откривање на начин на кој загадувачите од воздухот влијаат на мозокот.

„Претпоставуваме дека загадениот воздух веројатно нанесува поголема штета на белата маса во мозокот, која е поврзана со говорните способности“, вели Ксин Занг, автор на студијата и научник од Универзитетот во Пекинг.

Претходните студии откриле дека женскиот мозок во просек има повеќе бела маса отколку машкиот, што значи дека оштетувања на белата маса ги изложува мажите на поголеми ризици од когнитивниот пад.

Според наводите на Светската здравствена организација, 93 отсто од децата помлади од пет години секојдневно вдишуваат загаден воздух што доведува до проблеми во развојот на мозокот и многу смртоносни болести.