Загадениот воздух ги полни клиниките – гушење и проблем со дишењето се главни симптоми

Секој ден по 20 пациенти со гушење и проблеми со дишењето поради загадениот воздух бараат лекарска помош во посебната амбуланта која пред месец дена беше отворена на Клиниката за пулмологија за граѓани со влошено здравје кои имаат приоритетен упат.

Зголемен број на болни од аерозагадувањето има и во останатите амбуланти на Клиниката.  Полни се и болничките капацитети во установата. Раководството прави напори да обезбедат кревет за сите кои се со влошена здравствена состојба и сериозни компликации. Статистиката на пулмологија бележи загрижувачки раст од 15 проценти секоја година на пациентите со Хроничка опструктивна белодробна болест. Само последниот период ова заболување е дијагностицирано кај 600 нови пациенти. 

Покрај аерозагадувањето, главна причина за ХОББ е пушењето. Најчести симптоми се отежнато дишење, недостаток на воздух и зачестено искашлување на секрет. Во Македонија од ова сериозно хронично заболување страдаат 147.000 лица и е четврта причина за смртност кај возрасната популација, пишува Сител.