Заев: За две недели ќе се знае кои министри и директори ќе бидат сменети

Премиерот Зоран Заев рече дека на почетокот на јуни ќе се знае кои функционери на централно ниво ќе бидат заменети, а во текот на летото и на локално ниво, пишува СДК

Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека искористил продолжен викенд за да одмори и да ги консолидира сите ставови, а дека во наредните две недели точно ќе се знае кој ќе мора да го напушти местото и да биде заменет со друг.

„Ќе има промена и на министерско ниво и на ниво на директори на претпријатија, но и на локално ниво, како и во партијата од која доаѓам. Аргументите за смена ќе бидат ароганцијата, неисполнување на поставените задачи, неагилноста, или сѐ она од што граѓаните не се задоволни. Станува збор за човечки слабости, а не за тоа кој е крив или не. Секако и решенијата од Антикорупциската комисија, особено ако имало влијание при вработување ќе се земе предвид“, рече Заев на презентација на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените.

На прашањето како ја оценува изјавата на функционерите на ДУИ дека тие одговараат само пред нивната партија, тој кажа дека сите доаѓаат од некоја партија, но дека не може да има режимско поставување кандидати и дека тој како мандатар на Владата може да предложи промени, но Собранието одлучува кое е составено од различни партии, а како мандатар предлага и промена на директори но владата како колективен орган одлучува.

jordan retro 11 mens free