Заев вети поголеми плати за медицинските сестри уште во јануари

Медицинските сестри и другиот медицински персонал ќе добијат зголемување на платата од пет отсто уште во јануари наместо како што беше предвидено со предлог буџетот за следната година тоа да се случи во септември, информира денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција на која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски го претставија предлог буџетот за 2019 година.

Премиерот посочи дека барањата на медициснксите сестри биле оправдани, но причина била и стравувањето дека ќе има дополнителен одлив на овој кадар од земјава.

– Направивме дополнителен напор да обезбедиме дополнитлени средства во буџетот за да има зголемување на платите на медицинските сестри и медицинскиот персонал да се реализира зголемувањето на платите од пет отсто уште во јануари следната година – рече Заев.