Заев и Мицкоски открија каде ќе ја дочекаат Новата година

За Нова Година сите прават планови со кого и каде ќе слават, а своите планови ги открија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и премиерот Заев.

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарите им откри дека Новата 2020. година ќе ја пречека во Македонија во домот на негов другар од детството каде ќе бидат собрани со своите семејства.

Премиерот во заминување пак, Заев, за Нова Година ќе оди во Германија со сопругата и децата, исто така кај свој пријател.