Есента е сезона со чести настинки па навреме треба да се заштитиме и да ги набавиме потребните препарати со кои ќе го зајакнеме нашиот имунитет за да може успешно да се одбрани од вирусот.

Сепак, постои еден начин со кој ќе можете да превентирате врз настинката за само 24 часа. Тајната е во брокулата.

Нутриционистката Сара Флауер објаснува како овој зеленчук влијае врз симптомите на грипот. Таа истакнува дека брокулата е полна со витаминот К, витаминот Ц, хром и фолна киселина, кои успешно ќе ги отстранат симптомите.

“Овие познати витамини се од исклучителна помош кога станува збор за борбата против инфекции, па кога ќе го почувствувате првиот симптом на настинка, се препорачува нивното конзумирање како и употребата на цитрон, црвени пиперки. Сите овие производи успешно ќе ви помогнат за да спречете воспалување на грлото”, вели Сара.

Од голема важност е и внесувањето на голема количина течности за да се “пробие грутката ” на грлото. Слатките и млечни пијалоци треба да се одбегнуваат бидејќи содржат материјали кои можат да ја влошат вашата состојба. Поради тие причини пожелно е да се конзумира вода или топол чај.

Исто така, се препорачува да поминувате време и надвор од вашиот дом, односно да сте активни со кратки прошетки. За време на зимскиот период витаминот Д, кој е непхоеден за имунитет, станува дефицитарен во организмот, па петнаесет минути на сонце во текот на есенскиот и зимскиот период би било сосема доволно за да се освежите.