Зачудувачки, но мажите не се главната причина за стрес кај жените

Стресот поради учењето и работата како и модерниот начин на живеење прават младите жени и девојки денес да бидат помалку среќни отколку што биле пред 10 години. Ова се резултатите на едно неодамнешно истражување.

Во изминатите години, со зголемувањето на популарноста на социјалните мрежи, тие станаа толку популарни, така што младите девојки и жени ги проверуваат на секои 28 минути. Ваквата фиксираност на овие медиуми придонесува за голем стрес и нервоза, но и нарушување на менталното здравје кај многу жени, пренесува британскиот весник Independent.

Само ¼ од жените се сметаат себеси за среќни личности. Ова е голем контраст од големата бројка од дури 41% во 2009 година и 69% во 2005. Според овие жени кои се сметаат себеси за несреќни, работата е главната причина за стрес и нервоза. Потоа следат незадоволството од сопствениот изглед, комуникацијата со нивните родители, а дури потоа доаѓаат мажите.