Забрането е...

Забрането е да плачеш, а да не научиш ништо, да се разбудиш без сознанието што ќе правиш тој ден и да се плашиш од сопствените чувства.

Забрането е да не им се смееш на проблемите, да не се бориш за она што навистина го сакаш и да се предадеш поради стравот дека соништата нема да ти се остварат.

Забрането е да ги напуштиш своите пријатели, да не се обидеш да го разбереш она што сте го доживеале заедно, да им се јавуваш само кога ти требаат.

Забрането е да не бидеш што си помеѓу своите, да се преправаш пред луѓето за кои не ти е грижа, да глумиш кловн за да се сетат на тебе и да заборавиш на оние за кои се грижиш.

Забрането е да правиш се само за себе и да се плашиш од животот и последиците и да не го живееш секој ден како тој да е твој последен здив.

Забрането е некој да ти недостасува без насмевка, да заборавиш на нивните очи, нивната насмевка, само затоа што нивните патишта не се во рамките на твоите и поради тоа да мислиш дека нивните животи не се толку важни како и твојот иако секој од нив си има свој пат и успех.

Забрането е да создаваш сопствена приказна, а да немаш време за оние на кои си им потребен, да не разбираш што дава животот, а што одзема.

Забрането е да не ја бараш среќата, да не го живееш животот со позитивен пристап, не мислејќи дека ќе биде подобро.

Забрането е да мислиш дека овој свет би бил подобар без тебе.

~ Алфредо Бареро