Заборавете на тие кои ве повредиле, најголемата услуга што си ја должите е да се прифатите себеси со своите маани и доблести

Можеме да се занимаваме со животите на другите луѓе, да зборуваме за хулахопките на колешката, за вревата кај соседите, за кариерите на нашите другари од средно, но баш и не мораме да го правиме тоа. Тоа не ни вреди ништо.

Најдоброто нешто што можеме да го направиме за себе е да работиме на себеси. Не размислувајте за оние кои ве повредиле.  Не размислувајте за нивните зборови кои ве повредија, не мислете на одмазда. Заборавете ги.

Простете си себеси што сте потрошиле време на нив. Седнете, вдишете и издишете. Тоа што си го должите себеси е да се прифатите себеси онакви какви што сте. Постојано да се трудите да бидете подобри, но во оние делови на кои имате влијание.

Најголемата одмазда која можете да ја имате е да не мислите на тоа што мислат другите за вас, да не се трудите да се видите себеси низ нивните очи, да не се трудите да ги импресионирате. Сакајте се себеси. Никој не може да ве сака, ако самите не го направите тоа.

Најдоброто нешто што можете да го направите е да се фокусирате на себе, но и на оние луѓе кои го заслужуваат вашето внимание. Научете го тоа. Научете да бидете поддршка на оние кои ве сакаат и да го цените само нивното мислење. Тие се луѓето кои го сакаат најдоброто за вас и кои се навистина искрени кон вас.

Прифатете се себеси и сакајте се себеси. Полека ќе станете личноста каква што отсекогаш сакате да бидете. Научете дека сите не можат да ве сакаат и дека тоа е во ред.