Пасифлората е нежен природен седатив и најдобар пријател на квалитетниот сон. Неговите балансирани лековити моќи доаѓаат од алкалоиди и биофлавоноиди на растението, единствени соединенија кои се во позитивна интеракција со сопствените методи на организмот за одржување на менталното и физичкото здравје и рамнотежа.

Против несоница

Ја ублажува анксиозноста

Против депресија

Природен третман против стрес

Природен третман за смирување на тахикардии

Ја подобрува концентрација

Против симптоми на менопауза

Против Паркинсонова болест

Ги намалува грчевите и болките во стомакот

Пасифлората ги релаксира грчевите и напнатоста на мускулите без да влијае на дишењето или психолошка функција на начинот на кој повеќето седативи тоа го прават, што го прави моќен, а сепак лесен и пријатен за употреба.

Ви ги презенитираме најмоќните здравствени придобивки од пасифлора:

Против несоница

Најчестите медицински употреби на пасифлората е помогне во ублажување на несоница, што е константна спреченост да се заспие или да се остане заспан во текот на целата вечер. Поконкретно, последните истражувачи открија дека нивните откритија се однесуваат на употреба на мали дози пасифлора кои придонесуваат за квалитте и мирен сон кај возрасни лица и тоа без чувство на поспаност во текот на целиот ден.

Ја намалува болката

Поради антиспазмолитични и седативни ефекти, физичката болка, исто така, се намалува со пасифлора на безброј начини. Пасифлората е најдобриот избор за предменструални грчеви или за намалување на слната мигренска главоболка. Исто така, може да ги ублажите мускулните болки и грчиви па дури и силните забоболки.

Помага при стрес и анкциозност

Нервоза, анкциозност секојдневен стрес и притисок предизвикан од модерното и брзо живеење ќе бидат драстично намалени и ублажени благодарение на редовното користење на Пасифлора. Дополнително на тоа, пасифлората не предизвикува поспаност или влошување на работните перформанси следниот ден што е специфика на седативите.

Анти-депресант и олеснувач при менопауза

Совршен двоен избор во перидот на менопауза кој покрај тоа што го олеснува овој период на промени во телото на жената во таа фаза дополнително делува и како антидепресив кој ги отклонува „топлите бранови“ и непријатните периоди типични за периодот на менопауза. Испитаници во една студија земале додатоци со пасифлора секој ден во текот на шест месеци. Значителни симптоми на подобрувања се појавиле по третата недела. Истражувачите открија дека цветот од пасифлора може да обезбеди предност кај жените со менопауза кои не можат или ќе одлучат да не користат било какви видови хормонски замени.

Пасифлората е растение кое за првпат е откриено од шпанските конквистадори во Перу во 1569 година, и има долга историја на примена во олеснувањето и ублажувањето на мноштво состојби, како што се несоница, анксиозност, епилепсија, висок крвен притисок, проблеми со варењето и многу други.