За жителите на Илинден Стојановски вети нови улици, стадион, детска градинка и гасификација на компаниите

Градоначалникот Жика Стојановски е реизбран по четврти пат на функцијата градоначалник на Илинден. Најавува дека ќе продолжи со несмалена динамика, а ќе се реализираат проекти со кои жителите ќе добијат уште погодности и поубав живот.

Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта). Проектот има за цел изградба односно рехабилитација, асфалтирање на локални улици и патишта во должина од 40 километри во сите населени места, како и одржување, реконструкција и санација на постоечката патна инфраструктура која се протега на територија на општина Илинден во должина од 275 километри; подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони; изградба на фекална канализација со пречистителни станици; изградба на детска градинка во Миладиновци, и згрижување на деца од најмалата група – воведување на јасли во детската градинка “Гоце Делчев”; реконструкција и подобрување на училишта, обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава, со воведување на целодневна настава; реконструкција и доградба на амбулантата во населба Илинден и воведување на дежурства; чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали; изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферски води; изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферски води; модернизирање и проширување на водоводниот систем; изградба на стадион со трибини во н. Илинден; изградба и поставување на спортски реквизити и скејт парк покрај пешачко-велосипедската патека Марино-Кадино; изградба на пешачки патеки во вкупна должина од 10 километри; урбанистичко планирање во функција на ЛЕР;
воспоставување на гасификацски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти; изградба на патна и комунална инфраструктура во новата населба Јака.