Љубов и секс
10. Јануари 2017 - 14:58

За жените кои се плашат дека се осудени да бидат сами...

Да имате стравови е човечка работа. Но, стравовите не се факти.

Проблемот почнува кога одлучуваме да ги криеме нашите стравови. Кога одлучуваме да ги заштитиме нашите стравови и да ги чуваме од светлината на денот, тие стануваат поголеми, се додека не станат чудовишта.

Не многу одамна, мојот најголем страв беше дека ќе останам сама. Мислев дека нешто е погрешно во врска со мене, дека има нешто поради коешто е невозможно јас да имам долговечна, здрава врска со некого. На секоја свадба, забава и настан каде што највеќе има парови, јас бев сигурна дека носам некој невидлив знак на челото. Јас бев сигурна дека секоја личност во таа соба се прашува што е проблемот со мене.

Моите врски беа кратки и слатки. Тие завршуваа уште пред да започнат. Јас секогаш бев другарката што е сама, па на крај луѓето престануваат да прашуваат.

Беше премногу тешко тоа чувство на осаменост, чувство дека не сум доволно добра или дека не сум достојна за љубов. И без оглед на тоа колку силно, интелигентно, прекрасно и вредно се чувствував на моменти, во други моменти мислев дека сите тие работи се само лага. Знаете, онаа умствена игра којашто сите ја играме со самите себе: „Ако тие работи се вистинити, зошто се уште сум сама?“

Почнав да верувам дека нема да се заљубам како сите останати. Почнав да верувам дека љубовта не е за мене. Почнав да верувам дека мојата судбина е да бидам сама.

И тоа ме преплашуваше. Со ноќи лежев во кревет мислејќи на тоа колку ќе ми биде осамен животот. Истовремено бев и лута затоа што такви карти за играње ми се паднале. Бев спремна да дадам се, за некој да ми каже што ме чека во иднината.

За време на овој период, добивав секакви совети од моите пријателки:

„Ќе се случи кога ќе бидеш подготвена.“
„Ќе се случи кога најмалку очекуваш.“
„Само фокусирај се на себеси и се ќе си дојде на свое место.“

И омилениот совет: „Биди трпелива.“

Нормално, повеќето од овие другарки беа во врски, па затоа не им верував воопшто. Искрено, секој пат кога ќе ми ги дадеа овие добронамерни, но неверојатно бескорисни, арогантни совети, посакував да ги удрам.

Но, со тек на време, престанав да се замарам за тоа што другите мислат и велат. Почнав да зборувам за мојот страв, изложувајќи го на светлина. Зборував за тоа и со другарките и со психолог. Го пишував на хартија и потоа ја кинев хартијата. Се молев да исчезне стравот. Барав помош кога ми беше потребна. Почнав да ја прифаќам можност да бидам сама и сфатив дека навистина си го сакав мојот живот, па затоа и бидувањето сама повеќе не звучеше толку ужасно.

Почнав повеќе да се фокусирам на себе и на личноста којашто бев.

Секој ден работев на себеси. Научив како да се сакам себеси и во добро и во лошо. Почнав да верувам, длабоко во себе, дека заслужувам голема љубов. Дека и покрај грешките коишто ги правев или болката којашто ја чувствував, сепак заслужував љубов.

Па, полека ги отстранив сите лоши навики: пиењето, цигарите, пораките доцна во ноќта. Престанав да ги забавувам поединците кои не се однесуваа добро со мене. Станав посигурна и го барав тоа што го сакам и тоа што ми треба. Престанав да се срамам затоа што сум сама. Наместо тоа, се чувствував моќно.

Почнав да се опкружувам со луѓе кои безусловно ме прифатија. Почнав да ги следам своите страсти. Правев се што сакам и сфатив дека личноста којашто ми е судена ќе ме прифати таква каква што сум.

Денес, го прифаќам фактот дека мојот живот е несовршен. Не сум таму каде што мислев дека ќе бидам, но сум неописливо среќна – и во среќна врска полна со љубов.

Си ветив себеси дека ако некогаш среќно се заљубам, нема да заборавам како е да се чувствуваш неверојатно осамено. Си ветив дека нема да давам бескорисни и арогантни совети на жените коишто се сами. Ветив дека ќе сочувствувам со нивната болка и ќе ја чувствувам нивната болка.

И ова е тоа што сакам да им го кажам на жените кои се плашат дека им е судено да бидат сами:

Жал ми е што чувствувате болка. Жал ми е што се чувствувате осамено. И јас  долго време се чувствував сама. И единствената работа којашто ми ја намали болката беше тоа во процесот се научив да се сакам самата себе. Ниту една личност не можеше да ми ја намали болката. И иако денес сум во врска, се уште се борам со оваа болка. Не беше важно тоа што најдов љубов, она што беше важно беше тоа што престанав да го заштитувам мојот страв. Не е секогаш лесно, но денес  знам дека моите стравови нема долго да живеат во светлината.