За твоето дете ти не си дебела, ниту пак збрчкана - за твоето дете ти си само мама

Кога ќе се погледнеш во огледало ти гледаш седа коса, брчки, стомак, збрчкана кожа на вратот, пеги на рацете и слично. Твоето дете те гледа и гледа сонце.

Тие повторно се загледуваш во тој предавник пред тебе и јасно гледаш дека повеќе не си во цветот на младоста и дека тоа уште појасно се гледа.

Повторно гледаш во своето дете, тоа гледа само сонце.

Колку пати сум посакала да ги имам други очи, раце, гради. И дека така би била поцелосна. Навидум.

И денес тоа го помислувм, додека гледам како јас повеќе не сум јас. Па тоа е и нормално. Но, не е нормално тоа што си го правиме самите на себе, што вечно се туркаме во некакви маратони. Физички, умствени, естетски. И не сакам да ви досадувам со тоа што е убавина или како да стигнете до неа, затоа што секој си има своја убавина, туку сакам да ви кажам нешто за тоа како ве гледаат едни две очиња. А за тоа вреди да се размисли.

Мајчината силуета е првото нешто што детето го спознава и го следи со поглед. Иако, рака на срце, тогаш им изгледаме нешто налик ламба. Но, ете во што е поентата – ние сме извор на светлина за нив. И така е тоа уште долго време, всушност засекогаш. Без оглед на тоа дали ламбата е скапа или останала без светилка.

Мојот син 100 пати досега ми рекол: „Ти си за мене најубавата мајка на светот.“

А тогаш јас се гледам себеси. Немам доволно килограми. Имам сѐ повеќе брчки околу очите. Ги немам некогашните мускули, а ни образи. И косата не ми е толку убава како порано. Немам повеќе ни добри нозе, но имам уште потемни подочњаци и уште помали гради. И уште потенки раце. И немам задник како некогаш. И фармерките не ми стојат како некогаш. Ниту здолништето. Шминката повеќе не може да поправи сѐ.

А мојот син ми вели: „Ауу колку јако ти стои тоа“, а јас зачудена стојам и си мислам дека навистина јако ми стои јакната која ја облеков и воедно си велам како он може да знае што стои или не стои јако.

И баш така е тоа. Моето дете не ги гледа ни моите мали гради, ни фактот дека немам задник, ниту тоа дека имам причина да ставам крема против брчки. За мојот син јас сум само мама и само тоа е важно. И всушност и навистина е.

Би требало да учиме од децата. Почесто да се сеќаваме како е да ги гледаме работите низ очите на детето. И почесто да го гледаме светот на тој начин. Да го одвојуваме важното од неважното. Децата нѐ учат на вистински вредности.

Ниту едно дете не ја гледа својата мајка како дебела, збрчкана, со прешироки колкови или претенки нозе. Секое дете ја гледа само својата мама, своето светло.

Просто како грав.