За три дена 33 сообраќајки на скопските улици, пајакот кренал 121 возила

Петнаесет лица биле полесно повредени во 12 од вкупно 33 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 21 незгода била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и деведесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет поминале на крстосница на црвено светло, пет за неправилно престројување и девет возачи за неправилно престигнување.

Од сообраќај биле исклучени пет возачи кои возеле под дејство на алкохол и 35 возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, од сообраќај биле исклучени 30 возила за истечена важност на сообраќајната дозвола и 30 возила биле технички неисправни.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 226 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 121 возило.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици во ОУ „Браќа Миладиновци“ во населеното место Миладиновци, општина Илинден.