За среќа навистина е потребно малку

Животот не е комплициран. Ние го комплицираме со премногу бесмислени желби и празни мисли кои не водат никаде. Веруваме во стереотипи и многу пати сакаме да биде како некој друг, а не да бидеме свои. Не сме задоволни од она што гимаме. 

Секогаш лути и завидни. Завидуваме и им посакуваме лоши работи на оние кои се подобри од нас, без да вложуваме во себеси, без да се бориме за подобра иднина.

Си поставуваме премногу прашања, не ги остваруваме своите соништа и се препуштаме на чистата среќа. Ги критикуваме животите на другите, а ги забораваме своите. Ги сакаме оние кои нѐ игнорираат, а ги занемаруваме оние кои би направиле сѐ за нас. Мислиме дека среќата е во материјалните нешта. Влегуваме во бракови од интерес. 

Ги облекуваме телата со скапа облека, а душата ја оставаме празна. Не ја храниме душата со добри книги, добри дела, ние сме луѓе кои се смеат само кога треба да се сликаат, а вистина е сосема поинаква. Ние патиме, ние сме осамени и неисполнети.  

Разбудете се! Направете си кафе, пуштете си ја омилената песна и бидете среќни. Не ви требаат комплицирани работи за искрена среќа. Отворете очи, погледнете околу себе. Уживајте во себе, уживајте во она што сте го направиле и она што го имате. Искрената среќа не се крие во комплицирани работи, се крие во работите кои ни прават задоволство, кои ни даваат чувство на исполнетост. 

Она што го сакате ќе ви даде самодоверба. Она што го сакате придонесува кон вашиот живот, вашата среќа. Само правете го тоа што го сакате, а не она што другите го сакаат. Бидете секогаш свои. Живејте го животот онака како што се чувствувате.

Бидете господари на себе и своите чувства, не дозволете туѓинци да ви го диктираат животот. 

Среќата е во малите нешта.