ЗА СРЦЕ И ДУША: Северина ја пее „Македонско девојче“ (видео)

Фестивалот на скарата и пивото „Пиво Фест“ во Прилеп заврши синоќа.

Петнаесеттото јубилејно издание помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара и ладно пиво, како и одлична забава каква што доликува за најголемото случување во годината во Македонија.

Храватската дива Северина го затвори „Пиво фест“, а во чест на македонската публика на Инстаграм објави видео во кое ја пее легендарната „Македонско девојче“.