Постепено зголемување на старосната граница за пензионирање и на придонесите е најдоброто решение за спас на пензискиот фонд, анализира Сител.

Експертите предлагаат три сценарија со кои би се реформирал ПИОМ и би ги намалил загубите. Сите три ги содржат двете непопуларни мерки, разликата е во времетраењето на спроведувањето. Најбезболна опција е ако стапката за придонеси се зголеми сега за 2процентен поен и за уште еден  за 10 години, а границата за пенизионирање да се зголеми за 1 година после 5 години и за уште 1 година после 10 години. Другите две сценарија на краток рок би дале поповлни финансиските ефекти за ПИОМ, но би требало да почнат да се спроведуваат веднаш. Најлошото сценарио е ако државата не се зафати со реформирање на пензискиот систем.

Во овој момент макеоднскиот пензиски систем е на нивото на грчкиот односно во црвена зона, зрел за реформи. Загубите нагло почнаа да растат од 2008 година наваму. Тогаш се намали стапката за перидонеси, дел од нив почнаа да се двојат во вториот столб, но главен виновник за состојбата е несразмерното растење на пензиите.

Ниту една реформа нема да даде резултат ако пензиите растат над рамките што ги поставува законот, и ако државата не се зафати со елиминирање на сивата економија. Експертите ја отфлраат и владината идеја за државна пензија, велат таа да биде социјална категрорија која нема да падне на товар на фондот. Товарот од рефромата предлагаат да го поделат работодавачите и рабониците, а да се води сметка и за лицата кои работат тешка физичка работа.