За сите силни жени...

Ова е за тебе, која однадвор изгледаш како лавица, силна и јака, а одвнатре си слаба и кревка. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажуваш. Ова е за тебе, која пеколно се бориш, без оглед на сѐ што животот ти носи. Ова е за тебе која се креваш секојпат кога ќе паднеш.

За тебе која не прифаќаш помалку отколку што заслужуваш. Ова е за секоја жена која се бори за нешто поголемо од себе. За жена која вели: „ајде, бори се со мене“, наместо да шепоти: „зошто јас?“ Ова е за храбрата жена која не секогаш се чувствува одважна. За тебе која не мислиш дека си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа. Ти која премногу се грижиш, ти која премногу им се даваш на другите, ти која премногу се трудиш, ти која предобро познаваш разочарувања.

Овие зборови се за тебе, ти која сакаш премногу, особено оние кои не го заслужуваат тоа. Ти која толку даваш, а на крајот те оставаат со скршено срце. За жена која го живее својот живот преку цитати, држејќи се за сѐ што прави да се чувствува помалку осамено. Ова е за тебе која веруваш дека можеш да го промениш светот. За тебе која сѐ можеш да направиш сама, за тебе, ти, која си толку независна и силна. Ова е за жената која точно знае што сака од животот.

Ова е за жената со големи цели и уште поголеми соништа. За онаа жена која нема да дозволи ништо да ѝ застане на патот. За жената која секогаш кажува што ѝ лежи на душата, за жената која не се плаши да се бори за себе. Ова е за тебе, ти, која знаеш какво е чувството да бидеш потполно уништена од страна на друго човечко битие. Ова е за тебе, за да знаеш дека не си сама, нѐ има повеќе. Да се потсетиш дека вредиш, дека постоиш со одредена цел. Постоиш затоа што секогаш некому ќе бидеш сѐ. Да се потсетиш дека си доволна, прекрасна, паметна, добра и дека можеш да постигнеш сѐ што ќе посакаш!