За сите пријатели кои сѐ уште нѐ сакаат и покрај оддалеченоста...

За сите пријатели кои сѐ уште не сакаат и покрај оддалеченоста, дури и кога не разговараме секој ден со нив – фала ви!
Фала ви што бевте во мојот живот, иако животот нѐ раздвои, сепак сѐ уште можам да ве почувствувам крај себе.
Фала ви што сте тука, што ме кревате кога ќе паднам, иако тоа го правите преку телефон или порака.
Фала ви што сте истите стари пријатели, иако тешките времиња нѐ натераа да пораснеме.
Фала ви што повторно го живееме истиот стар, див живот, секогаш кога ќе сретнеме, разбивајќи ги сите препреки кои времето и оддалеченоста ги создаваат.
Фала ви за љубовта и спомените кои ќе ги негувам се до мојата смрт.
Фала ви што сте подготвени да преминете океани само за повторно да ме видите.
Фала ви што и понатаму ме сакате, без оглед на тоа во што нѐ претвори времето.
Фала ви што ми верувате.
Фала ви што ги прифативте моите промени, што ми дозволивте да растам и што ме уверивте дека без оглед на се, ќе бидете покрај мене и во добро и во лошо.
Фала ви што ми дадовте сигурност, затоа што сега знам дека каде и да ме одведе животот, јас секогаш можам да ви се обратам.
Фала ви за она „Што има?“
Фала ви што не дозволувате времето и оддалеченоста да ни го ослабе односот.
Фала ви што ми ја простивте мојата себичност и оние времиња кога не бев покрај вас, а ви бев потребна.
Фала за сѐ што направивте за мене и за сите работи кои уште ги правите.
Фала ви што бевте покрај мене кога ми беше тешко, што ме охрабрувавте и што не ми дозволивте да се предадам.
Фала што ми ги оставате вашите врати отворени и фала што ми помагате да го пронајдам својот пат.
Без вас, страниците во мојот живот би биле црно-бели – кога гледам назад ги гледам сите тие шарени страници, а ние сме смееме.
Сѐ уште имаме уште многу страници за пополнување и фала ви што ќе бидете таму.
Фала ви од срце!