За сите оние кои заборавиле да се сакаат себеси

Почни да сакаш.
Почни да се сакаш себеси.
Почни да кажуваш: „Те сакам!“ Сама на себеси. Нему. На мајка ти. На татко ти.
Обиди се да веруваш во себе. Тоа ќе те врати на патот кон себе.
Жено, почувствувај копнеж да бидеш жена.
Почни да си го даваш себеси правото да не сакаш и да не правиш нешто, а не да мислиш дека не можеш. Не си ја одземај моќта. Почни да живееш сега и тука. Затоа што единствено што постои е силата на моментот. Почни да се гледаш кога ќе се видиш и тоа сосема случајно, на стакнените површини на големите излози покрај кои поминуваш кога одиш на работа додека брзаш за да стигнеш на време. На работа. Во градинка. На преглед. За сѐ она треба да го правиш тој ден. 

Почни во тој лик кој понекогаш не го препознаваш, да го гледаш она што порано си била. Сети се на таа девојка. Врати ѝ се. Трпеливо те чека. Тоа е твојата душа. Детето во тебе. 

Ти имаш поттиснато сѐ во себе, сакаш сѐ да контролираш, сѐ она што се наоѓа во тебе. Поради таа потреба за контрола, не си научила да препознаеш кои борби едноставно не се твои. Во кои борби не се останува. Од кои битки треба да кренеш раце. Без да се завртиш зад себе. Еј ти, спушти ги прекрстените раце. Исправи се. Нека падне товарот од твојот грб. Можеби на тоа место ќе ти пораснат крилја. Твои.

Оние за кои често сонуваше, додека мечтаеше за светот кој не го познаваше, но го создаваше според сликите и замислите во твојата душа. Знаејќи дека сѐ ќе биде добро, без некој да ти го каже тоа. Крилјата кои секогаш ќе бидат тука, доволни големи да те прегрнат, доволно силни за да те заштитат, доволно удобни за да можеш да застанеш во нив. Баш по твоја мерка.

Крилја поради кои нема да бидеш сама. Крилја поради кои ќе исчезне потребата некој да верува во тебе, затоа што ти ќе веруваш во себе.

Сѐ она за коешто си копнеела и она што си го барала некаде таму, се наоѓа онаму каде што никогаш не си го ни барала. Внатре. Во тебе. 

Жено, прво биди своја, а дури потоа биди нечија.