За сите луѓе на кои им ја подарив мојата добрина: Ќе ме запаметите до крајот на животот

 

Дојдоа години кога многу размислувам за својот живот. За тоа како живеам, за работите кои ги правам за другите луѓе, но и за себе.

Не сакам да кажам дека сум најдобрата личност на светот, но со сигурност ќе кажам дека потрошив многу минути на тоа да давам добрина онаму каде што таа не е препознаена.

Кога бев дете, мојата мајка ме учеше дека ако некој ме удира со камења, јас треба нему со леб и дека ништо нема да нè чини во животот ако бидеме добри кон другите. Таа ме учеше и за тоа дека другите луѓе секогаш ќе ја препознаат мојата добрина и дека ќе ми вратат со добро. Но, можеби мојата мајка живеела во време кое е многу поинакво од моето.

Не барав реципроцитет, дека ако некому правам добро, дека тој ќе ми врати на истиот начин. Животот не функционира така. Барав само благодарност, барав само никој да не фрла со камења на мене и посакував само да не се преморам од таа добрина.

Но, не беше така.

Се уморив, не сакам веќе да го правам тоа. Тие не само што не се благодарни за добрината која ја правам, туку и навистина враќаат со камења. Обидувајќи се да им помогнам на другите, заборавив на себе и за тоа што ми е потребно во животот. Никогаш од никого не побарав ништо, но не си ни дадов ништо себеси.

Време е да го променам тоа.  

cheap nike free run 5.0