За сите луѓе кои ми го потрошија времето со лаги и лицемерие

Животот е поубав кога се живее и споделува со други луѓе. Но, постојат и оние кои со своите зборови и дела, ќе направат да зажалиш зошто си се родил.

Светот е таков каков што е. Има личности кои ни го разубавуваат секојдневието и ни го прават животот посреќен, а постојат и оние кои би направиле сѐ за да нѐ уништат. Тие се злобни луѓе кои својата среќа ја градат на туѓата несреќа и кои ги трошат своите денови за да им наштетат на другите.

Потребно ми беше многу време за да престанам да го правам тоа. Да го отворам своето срце секому, да ги пуштам во својот живот, а потоа да се обвинувам за тоа што ми го направиле. Наштетувајќи ми мене, ми наштетуваат еднаш. Но, себеси си  наштетуваат за цел живот. Нивните срца се празни, а нивните умови преоптеретени со лоши и негативни мисли.

Тие се оние луѓе кои ни покажуваат колку навистина е важно да ги цениме оние добри, ретки луѓе во нашиот живот, да сакаме со цело срце и позитивни мисли и да не наштетуваме никому. Тие се луѓето кои заземаат дел од нашиот живот, не учат на важни лекции, а потоа си заминуваат.  Тие се токсичните елементи на овој свет, без кои тој не би постоел, но кои не ни требаат во нашите животи.

Лицемерието, лагите и злобата се дел од нивната приказна, но не и нашата. Немаме причина да се обвинуваме себеси затоа што ни наштетиле, бидејќи тие секогаш подобро ќе ја играат таа игра од нас. Ја владеат таа игра, бидејќи стануваат со неа, играат со нејзините правила во текот на денот, а потоа одат на спиење.

Да им бидеме благодарни што ни донеле важна лекција во животот, но никогаш да не им дозволиме да не повредат повеќе од еднаш. Тие не заслужуваат внимание.