За сите љубители на електронската музика: Првпат во Скопје Кејт Симко и групата „Лондон електроник оркестра“ (ВИДЕО)

За сите љубители на електронската музика, (24 февруари) е празник бидејќи во Скопје доаѓа една од најпознатите американски диџејки Кејт Симко (Kate Simko) заедно со женскиот музички состав „Лондон електроник оркестра“ (London electronic orchestra).

На сцената во ноќниот клуб „Станица 26“, со почеток во 22:30 часот, ќе се случува фузија од класичната и електронската музика во изведба на седум жени.

Настанот е во организација на Othersound, кои во нашата метропола прават музички настани од Лос Анџелес.
Ова е нивен прв и ексклузивен концерт во Скопје, но и на Балканот. По нив публиката ќе ужива во диџеј-сет на миленикот на скопската публика - Еди Ричардс, еден од најпочитуваните и светски реномирани диџеи.