За сите борци кои преживеале загуба на сакана личност...

Смртта е мрачна. Тешка. Има моќ над нас. Лута е. Злобна е. Посилна е од нас.

Понекогаш се појавува со предупредување, понекогаш се појавува во најлошите времиња, бура која доаѓа за уништи некој кого сакаме. Без оглед на се, секојпат кога смртта го покажува своето лице, секогаш е премногу тешко.

Таа не се извинува, ниту пак простува и секогаш се враќа. Не може да избегаме од неа.

И секојпат е исто. Не се менува. Не станува пољубезна. Не станува полесно.

Можеби треба да стане полесно, таа позната болка која се прикрадува и со која мора да се соочиме. Но, не станува полесно.

И не нѐ прави будалести, слаби или слепи. Не прави луѓе. Таа болка прави борци од нас.

Секојпат кога таа се враќа во нашите животи, ние ја чувствуваме тежината на болката. Повторно. И некако болката е иста како и правиот пат. Нѐ прогонува, нѐ повредува. И ние ѝ дозволуваме.

Не сакате да станете некој кој не ја гледа болката, кој не може да ја гледа болката.

Ниту јас сакам.

Затоа...

Ние ќе продолжиме да ја поднесуваме болката, ќе продолжиме да се бориме. Ќе ја издржиме бурата. Нема да станеме имуни.

Но, ние сме силни, ние имаме волја да продолжиме.

Овие работи нѐ направија храбри, бестрашни и подготвени да преживееме сѐ.