Кога имате силна мајка, сфаќате дека среќата доаѓа од вас самите. Знаете дека животот е составен од многу мали моменти, кои ќе бидат или среќни или тажни. Целта и на едните и на другите е да ве научат важни лекции за животот и да ве направат посилна личност. Нивната цел е да ви дадат сила да продолжите понатаму.

Кога имате силна мајка, учите независност. Учите кога да молчите, а кога да зборувате. Учите како да се конфронтирате со луѓето. Како да преживеете и колку можете да зависите од другите луѓе. Учите дека најважната силна личност која ви е потребна во вашиот живот сте вие самите. Учите како да се грижите за себеси, и како да не бидете премногу строги кон себеси и кон другите.

Кога живеете и растете со таква жена, учите да се почитувате себеси. Не дозволувате никој да зборува лошо за вас. Не дозволувате никој да ве прегази. Не дозволувајте луѓето да ве третираат како објект и учите како да застанете позади себе, во секоја ситуација. Барате почит од луѓето, бидејќи сте научиле дека тоа е основното нешто кое можат и треба да ви го дадат.

Силната мајка знае да ни покаже како да сакаме. Таа е посветена на семејството и од неа учиме што значи љубов, што значи да се живее во љубов, окружен со луѓе кои ти значат, но и како и колку треба да бидеш посветен кон оние кои ти се важни. Таа нè учи секогаш да веруваме и бидеме посветени кон нашите блиски и секогаш да ги пречекуваме со отворени раце. Од неа учиме како да се одалечиме од луѓето кои се токсични за нас, како да ги препознаеме оние кои не ни мислат добро и како да го процениме нивниот карактер.

Кога имаш силна мајка, доволно си паметен за да знаеш дека плачењето и солзите не значат слабост. Учиш дека и најхрабрите попуштаат понекогаш. Знаеш дека никогаш не треба да се откажеш и дека повторно и повторно треба да се обидуваш да успееш. Иако ќе дојдат многу неуспеси во животот, не го прифаќаш неуспехот како опција. Продолжуваш да се бориш додека не го добиеш тоа што го сакаш и тоа што мислиш дека го заслужуваш.

Кога имаш силна мајка, никогаш не се чувствуваш сам/а на овој свет. Без оглед на сè, таа е жената која ќе те крене од подот кога ќе треба да се бориш. Таа е онаа која ќе те потсети зошто вреди да се бориш. Која е твојот најдобар пријател до крајот на животот. Кога имаш силна мајка, имаш инспирација за сите нешта.

Кога имаш силна мајка, учиш како да станеш силна личност.