За секое прваче во Аеродром по 3.500 денари во септември

Секое прваче во Аеродором ќе добие по 3.500 денари на почетокот на школската година.

Општината Аеродром подготвува одлука со која на родителите ќе им бидат доделени парите за да им се намалат давачките на почетокот на школската година.

На општинската веб страница ќе биде објавено известување за родителите кои од први септември ќе испраќаат прваче во училиштата во Аердром да достават податоци за да може да им бидат префрлени парите.

Надлежните најавуваат дека од септември училишното обезбедување ќе се плаќа со пари од општинската каса, наместо од џебот на родителите, како што беше досега. Така ќе биде во основните училишта и во детските градинки во Аеродором.