За самохраната мајка која се плаши дека не е најдобрата мајка за своите деца

Толку топло е чувството да ги гледаш своите деца како се смеат, следејќи те секаде низ домот. Толку лесно е да се насмевнеш кога ќе ги погледнеш нивните слатки очи или нивните рачења заплеткани околу твоите нозе, обидувајќи се да те прегрнат. Толку е лесно да заборавиш на сите грижи, на проблемите да се платат сметките, школарините и сите трошоци кои им носат безбедност на твоите деца.

Понекогаш, темнината и болката доаѓаат навечер, кога ги пребројуваш парите и кога уште еднаш мораш да побараш дополнителни пари од своите родители. Тогаш, твоето срце се кине на милион парчиња кога на своите деца сакаш да им го обезбедиш сето она што го посакуваат, но  не можеш, немаш сила за сите нешта.

Тешко е да го правиш сето тоа само, да се разбудиш наутро и со твоите две раце да направиш сè што ќе донесе насмевка на нивните лица.

Но, и покрај сета истоштеност, ти никогаш не забораваш на љубовта кон нив. Уморна си од сите нешта, но насмевката ја има постојано на твоето лице. Среќата на твоите деца е производ на твојот напор и никогаш немој да го заборавиш тоа.

Понекогаш ќе имаш тешки борби, поголеми од оние кои ги имаат двата родители заедно, но ова е твојата борба и таа вреди за твоите деца. Можеби ова не е животот кој ти го замисли за твоите деца, но борбата е твоја. Ти тоа го правиш на најдобриот можен начин.

Ти си совршена мајка за нив.