За само три месеци 11.904 луѓе се стекнале со статус на невработени

По основ на прилив од работен однос, во периодот 11.03.2020 до 31.05.2020 година во Агенцијата за вработување, со статус на невработени лица се стекнале 11.904 лица, а за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување.

Според основот на престанок на работниот однос, од 11.904 лица кои се стекнале со статус на невработени, 5703 лица (47,9%) се поради истек на определено време, 3082 лица (25,9%) се поради спогодбен престанок на работен однос, 1169 лица (9,8%) се поради отказ од работодавачот, 1112 лица (9,3%) се поради отказ од страна на работникот, 380 лица (3,2%) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 104 лица (0,9%) се поради стечај – ликвидација, 76 лица (0,6%) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 278 лица (2,3%) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).

Според претежната дејност на работодавачот, најголем дел од приливот на невработени лица од работен однос е од преработувачката индустрија, 4230 лица или 35,5%, потоа од дејноста трговија на големо и трговија на мало, 2324 лица или 19,5%, како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 1432 невработени лица или 12,0%.

Според школска подготовка, од приливот на невработени лица од работен однос, 6961 (58,5%) лица се со непотполно средно и завршено средно образование, 3128 лица (26,3%) се без образование и со основно образование, а 1815 (15,2%) лица се со вишо и високо образование.

Според возраст на лицата, најголемиот број се на возраст од 30 – 49 години (5729 лица или 48,1%), на возраст до 29 години се 3276 лица (27,5%), а на возраст над 50 години се 2899 лица (24,4%).

Вкупниот број на невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување во периодот март – мај 2020 година бележи зголемување за 12297 лица.

Извор: Нова Македонија