Љубов и секс
8. Јануари 2017 - 0:03

За пронаоѓањето на вистинската личност подоцна во животот...

Поради тоа што те сретнав подоцна во животот,
немаме спомени од
младата романтична љубов,
средношколски забави,
или факултетски денови
копнеејќи по твојата љубов.

Немаме спомени од заедничко искусување
на првото вкусување на слободата во животот,
ниту пак од наивноста,
верувајќи дека го имаме целото време на овој свет.

Никогаш не го знаев твоето младо тело,
ниту пак ти моето;
тие денови кога наутро изгледав свежо.

Кога животот конечно не спои,
ние стоевме еден пред друг
пред горчливата реалност за тоа што станавме.

Премногу зрели да криеме,
сепак тајно прашувајќи се
дали другит ќе остане
и дали љубовта е вредна за трудот
по сето ова време.

Парче по парче
ние ги отстранивме слоевите на животот,
отфрлајќи го она што повеќе не ни е потребно
се додека не откривме место длабоко во нас,
место каде што нема осуда, очекувања,
каде не се грижиме што мислат другите за нас.
Место каде што најдовме чиста светлина.

Смеејќи се, инстинктивно знаевме
дека имаме се што ни беше потребно
за остатокот од нашето патување.

Сега,
имајќи те тебе покрај себе,
можам да ја видам светлината во твоите очи,
потсетувајќи ме
на тоа кои сме ние навистина.

Простувањето никогаш не било толку лесно,
ниту пак љубовта толку реална.

Тоа што те запознав подоцна во животот,
Знаењето дека нашето време е ограничено
станува посилно со секој нов момент.

Наместо да избегам,
јас правам пауза и дишам.
Го држам твојот поглед.
Ја чувствувам твојата енергија
и го отворам своето срце за мистериите на животот.