За Прочка направете вкусен кадаиф

Ка­да­и­фот е мно­гу ин­те­ре­сен и вку­сен де­серт, кој ни­ка­ко не­ма да ве оста­ви рам­но­душ­ни. Или ќе си ре­че­те – ова не­ма вр­ска од бла­го, дај­те не­што кон­крет­но или ќе за­мо­ли­те до­ма по­че­сто да ви го под­го­тву­ва­ат, а не са­мо за праз­ни­ци. Се пра­ви лес­но и бр­зо, а ма­ри­фе­тот е да ја по­го­ди­те вре­ли­на­та на шер­бе­тот ко­га се исту­ра врз ка­да­и­фот.

Состојки:

400 грама кадаиф
800 грама шеќер
1 л и 200 мл вода
1 пакетче ванилин шеќер
80 мл зејтин
150 грама сечкани бадеми или ореви
80 грама суво грозје
1 лимон
1 портокал

Подготовка:

Кадаифот го редиме во плекче.Потоа го попрскуваме со зејтинот. Го печеме околу 1 1/2 час до 2 часа во загреана рерна на 150 степени. Бадемите ги сечкаме ситно, лимонот и портокалот ги сечкаме на тенки кругчиња. Во тенџере ја ставаме потребната количина вода со шеќерот и ванилата. Ги додаваме и лимонот и портокалот. Шербетот го вариме 20 минути на тивок оган се додека не добие жолта боја и да се згусти. Откако ќе ни се испече кадаифот го оставаме да се олади. Одозгора ги редиме насекаде подеднакво бадемите и грозјето, потоа и лимонот и портокалот. 

Исто така и шербетот треба да се излади или да биде млак. Така треба бидејки ако го полиете со топол шербет ќе се залепат конците. Кој е по десерти со шербет се надевам дека ке му се допадне.

Уживајте засладувајки се.